Супермоделот Адријана Лима дели многу тајни од приватниот живот со обожавателите на друштвените мрежи. Иако многумина очекуваа манекенката, која наскоро повторно ќе стане мајка, да го соопшти полот на детето, тоа ќе го дознаеме дури кога ќе се породи.

Имено, прекрасната бразилка рекла дека ни самата не знае дали ќе роди момче или девојче, бидејќи сака тоа да биде изненадување, а на прашањето на фановите дали знае како ќе се вика детето, кратко одговорила дека знае но и дека и тоа е тајна. Славната манекенка и кошаркарот Марко Јариќ веќе ја имаат двегодишната ќерка Валентина, која со нетрпение го очекува раѓањето на братот или сестрата.