Познатата манекенка и сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, се појавила на насловната страна на модносто списание „Вог“, претставена како жена на иднината. Адријана Лима се наоѓа на насловната на мартовското издание на „Вог“. Убавата манекенка овој пат била нашминкана за да ја долови „жената на утрешнината“ а реакциите на нејзините обожаватели биле различни.
Еден од стилистите изјавил дека таа изгледала пекрасно. Најпрво сакале косата да и биде пуштена и да лежи додека ја фотографираат, но подоцна сепак одлучиле да ја подигнат за да изгледа футуристички. Нејзините фанови не се задоволни со нејзиниот имиџ, сметајќи дека лицето и е премногу избелено во фотошоп.