Една од најпопуларните манекенки на светот пред неколку дена се појавила на пистата на ревијата на престижната модна куќа Викторија Сикрет, на која покрај новата линија долна облека, ги покажала и новите црни ангелски крила. Иако отсекогаш гласела за „природна“ убавица, Адријана неколку дена пред ревијата била фотографирана како напушта една клиника за естетска хирургија на Менхетн. Бидејќи сатнувало збор за клиника специјализирана за корекции на лицето, најверојатно најстарата манекенка меѓу „ангелите“ била на третман со ботокс.

Сопругата на кошаркарот Марко Јариќ за едно американско списание ја открила тајната на совршената фигура. Рекла дека многумина мислеле дека нејзиното тело паднало од небото, но всушност таа вложила многу денови одрекување во приватниот живот поради боскот, кревањето тегови и качувањето по јаже. Додала дека не изгледа секогаш како на пистата. За ревиите се припремала по неколку седмици. Дневно пиела по најмалку еден литар вода, тренирала по два и пол часа, не јадела ништо и пиела исклучиво протеински пијалоци. На крајот заклучила дека макотрпната работа и пролиената пот ја довеле до нејзиното затегнато и заводливо тело.