Бразилската манекенка Адријана Лима, сопругата на кошаркарот Марко Јариќ, изгледа се подобро и подобро, што и покажала во новиот едиторијал за модната куќа Викторија Сикрет. На новите фотографии Лима е совршено секси, провокативна, а нејзините облини на најзаводлив можен начин провоцираат од градниците и корсетите кои ги носи.
Лима, која стана мајка пред 18 месеци, изјавила дека мајчинството и донело дополнителна доза сексипил, што фотографиите и покажале. Иако пред извесно време дошло до промена во поставата на „ангелите“ на Викторија Сикрет, Лима покажала дека младата конкуренција не и може ништо бидејќи таа и понатаму останува едно од водечките лица на оваа модна куќа.