Бразилската манекенка ја донесе на свет ќерката Валентина во Њу Јорк. Адријана Лима неодамна ги објави нејзините први фотографии. Новопечената мајка позирала со својата ќерка и сопругот Марко Јариќ. Тие неодамна од Њу Јорк се преселиле во Мадрид, бидејќи марко оваа година настапува за екипата на Реал од главниот шпански град.


Адријана открила дека ужива во мајчинството. Рекла и дека не и било лесно повторно да се врати на тежината која ја имала пред забременувањето. Адријана и Марко се венчале минатата година на денот на заљубените.