Познатата манекенка Адријана Лима и нејзиниот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ, во четвртокот ноќта биле на романтична вечера во Милано. Ова е прв пат да бидат фотографирани заедно откако Марко почнал да игра за екипата на Монтепаски Сиена. Биле фотографирани кога излегувале од ресторанот “Le Petit”, а судејќи според фотографиите, се чини дека обајцата биле добро расположени.
Иако излегле во вечерните часови, Јариќ не се дотерал многу, па со раскопчана кошула, фармерки и патики привлекувал поголемо внимание од светскиот топ модел, која се одлучила за нешто поелегантна варијанта. Адријана неодамна во едно интервју се пожалила дека едвај се ослободила од вишокот килограми, но се чини дека италијанската кујна во потполност и одговара.