Манекенката Адријана Лима добила 100 илјади евра за настап во емисијата „Танцување до соништата“. Сопругата на кошаркарот Марко Јариќ настапила минатата седмица во турската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“, каде одиграла два танца и била еден од судиите.
Тогаш изјавила дека и било големо задоволство и чест да игра ламбада, танцот од родниот Бразил, а во понеделникот турските медиуми откриле дека за нејзиното задоволство допринел и високиот хонорар. Интересно е тоа што сумата која ја добила е иста како и главната премија за која се борат останатите, вистински натпреварувачи.