Бразилскиот напаѓач во Рома, Адриано Леите Риберио(28) е добитник на “престижната“ награда златна канта за 2010 годиниа, која се доделува за најлошиот фудбалер во Серија А.


Адриано наградата ја доби пред неговите сонародници Амаури од Јувентус и Роналдињо од Милан. За “Императорот“ ова е трето вакво признание во неговата кариера, претходно ја добиваше во 2006 и 2007 година.

Прво ова награда во 2003 година ја доби Ривалдо, потоа ја добиваа Легротаље, Виери, Рикардо Кваресма, на три пати Адриано и Фелипе Мело.

Ohridnews