Бразилската манекенка Адриана Лима неодамна во Истамбул претставила козметичка линија за дами, чие е заштитно лице. Една од најубавите жени на светот и поранешна сопруга на Марко Јариќ три години по ред доаѓа во градот на Босфорот, а слободното време го искористила за посета на неговите знаменитости.
Славната манекенка рекла дека е воодушевена од убавините на Истамбул и дека следната година би сакала повтороно да ја посети оваа земја. Доколку не дојде поради работни обврски, зеленоокиот ангел на Викторија Сикрет планира во Турција да допатува приватно и да ужива.