Адриана Лима не патела долго после разводот од Марко Јариќ, доколку може да се суди според турските медиуми. Таа наводно е во врска со медиумскиот могул Адун Илиџали. Медиумите од Босфорот веќе со денови пишуваат за новата наводна романса на Адриана Лима и турската ТВ ѕвезда и медиумски могул. За приказната да добие вистинска форма на сапуница, се погрижиле и извори кои тврдат дека Илиџали започнал бракоразводна парница од сопругата Зејнер Илиџали со која е во брак 11 години.

 

Тој наводно ќе и исплати речиси два милиони евра доколку се согласи договорно да се разведе од него. Адун веќе станал национален херој во Туриција после оваа вест, бидејќи неговите земјаци сметаат дека постигнал „невиден успех“. Лима често поради својата работа престојува во Турција, а исто така често е и гостин во емисијата на Илиџали.