Адриана Лима присуствувала на вечера која ја организирала “St.Luke” фондација во Њујорк во вторникот ноќта. Фондацијата е задолжена за давање помош и собирање средства за маргинилизираните групи од Хаити.

Ангелот од Бразил пружил поддршка на оваа организација, а на вечерата блескала во кожна мини сукња и металик топ со кратки ракави. Со пуштена права коса и црвен кармин, убавицата трпеливо им позирала на фоторепортерите. Финдацијата “St.Luke” се грижи за здравствената нега, образованието и хуманитарната помош во оваа сиромашна карипска земја.