Бразилската убавица во новата кампања уште еднаш покажала поради што ја сметаат за една од најпосакуваните жени на светот. Во едиторијалот за „Викторија сикрет“ манекенката направила сет фотографии на кои изгледа многу сексипилно. Иако ги залудела мажите ширум светот, на вакви фотографии многумина сигурно чекале.

Линијата долна облека, која секако уште повеќе го истакнува нејзиниот сексипил, веќе наишла на позитивни коментари. Халтери, чипка, танга гаќички, секако се испробан рецепт да се привлече внимание, а кога ги носи ваква убавица, секако тука нема никаква грешка.