Една од најпопуларните манекенки на светот, Адриана Лима е главна ѕвезда на календарот на Пирели за наредната година кој ги претставува сите човечки фетиши. Календарот е со многу инспиративен карактер во кој позирале разни убавици во провокативни комбинации со различни сексуални помагала.

Манекенките се облечени во кожни костуми, што се гледа ина фотографијата на преубавата Адриана која носи кожени ракавици. Покрај ракавиците, бразилската манекенка има и каиш околу вратот, а како останатите фотографии изгледаат можеме само да замислиме додека не се појават. Покрај неа на снимањето на календарот се појавиле и Кендис Хафин, Изабела Фонтана, Џоан Смолс…