Супермоделот Адриана Лима ќе присуствува на сите важни дешавања на Канскиот фестивал во придружба на своето момче, боксерот Биг Џо. Така и овој пат се појави во друштво на своето презгодно момче при доаѓањето на „Chopard Dinner Event“ во рамките на настаните кои се организираат на филмскиот фестивал во Кан.
Иако парот при излегувањето од лимузината изгледаше намрштено, Адриана не можеше долго да издржи а да не им се насмевне на папараците додека чекореше со Биг Џо кон ресторанот. Згодниот, но и убав Џо, не дозволуваше да му сметаат, па заштитнички придржувајќи ја раката на својата драга достоинствено продолжи кон влезот на ресторанот, не дозволувајќи да му се види било каква емоција на лицето. Мораме да признаеме дека заедно изгледаат совршено.