Адриана Лима, една од најубавите жени на светот и поранешна сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, повторно е среќно вљубена. Имено, таа не може да ги сокрие емоциите кон новиот избраник, боксерот познат како Биг Џо. Откако тој објави нивна заедничка фотографија со емотивна порака, убавата Лима веднаш одговори со свој коментар.
„Љубовта на мојот живот и јас делиме еден од многуте убави моменти, и се надеваме на идни од сега, па до крајот на животот. Те сакам и се радувам што ќе остарам со тебе. Благодарам што ме правиш подобар човек“, напиша боксерот. Прв коментар на фотографијата остави Адриана, која напиша: „Те сакам, почитувам и ценам. Ти благодарам што ме правиш подобра жена, подобар пријател и подобар човек. Ти си љубовта на мојот живот“.