Бразилскиот супермодел Адриана Лима за ноемвриското издание на списанието “Вог“ открила дека како девојче сонувала да стане лекар. За списанието позирала заедно со уште три ангели на Викторија Сикрет. Манекенката рекла дека додека растела не знаела ништо за облеката, креаторите и модните списанија.

Вели дека сон и било кога ќе порасне да студира медицина. Заклучува дека не знае што се случило па станала модел. Воопшто не се сомневаме дека на зеленооката убавица белиот мантил совршено би и прилегал, но прифесијата сигурно не ја промашила, бидејќи милиони мажи ширум планетата сметаат дека и во долна облека изгледа заносно…