Манекенката Адриана Лима прошетала низ Њујорк со градникот на Викторија Сикрет направен од дијаманти чија вредност изнесува 1.5 милиони евра. Градникот е направен во соработка со италијанскиот производител на дијаманти Дамиани, а содржи повеќе од 3000 дијаманти. За негова изработка биле потребни 1500 часа.
При претставувањето, околу манекенката се наоѓало бројно обезбедување кои внимавале на нејзината сигурност. Адриана Лима е на второто место по заработувачката кога се во прашање моделите за долна облека. Нејзината огромна заработувачка пред се се должи на договорот кој го има со Викторија Сикрет.