Гледајќи го доделувањето на наградите Оскар пред неколку ноќи, бразилската манекенка Адриана Лима посакала да биде дел од холивудскиот гламур и да се најде во улога на некоја од Бонд девојките. Манекенката која овие денови била зафатена со ревиите на Миланската модна седмица сепак нашла време да го следи гламурозното доделување на Оскарите, а своите впечатоци ги поделила преку Твитер.
Таа додека ги следела исечоците од филмот за најпознатиот таен агент на светот напишала дека сака да биде Бонд девојка. Исто така додала дека од актерите најмногу го цени Кристоф Волц.