Адриана Лима и Марко Јариќ ја прославиле четвртата годишнина од бракот на островите Туркс и Каикос, во близина на Бахамите. Манекенката и кошаркарот почнале да се забавуваат во 2006 година, а се венчале три дена подоцна, на денот на вљубените.

Познатиот пар пред неколку дена ја обележал годишнината од бракот, на егзотичните острови. Ден претходно манекенката на својот Твитер профил објавила фотографија од зајдисонцето и напишала дека се чувствува спокјно, и му се заблагодарила на животот за сите убави нешта.