Познатата манекенка и сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адриана Лима, овие денови била видена како се држи за рака со непознат маж додека опуштено шетале низ градот. Кој е анонимниот придружник сеуште не е познато, бидејќи манекенката не се огласила, но нејзините обожаватели нагаѓаат дека се вика „Биг Џо“.

 

Обожавателите се во дилема дали станува збор за момче или за нејзиниот брат, а за тоа време таа и понатаму мирно молчи. Минатата година славната убавица објавила дека се разделува од кошаркарот. Моделот и поранешниот НБА играч после осум години врска и пет години брак одлучиле дека повеќе не ги врзуваат исти чувства и дека на нивната љубов дошол крај.