Светски познатата манекенка Адриана Лима со сопругот Марко Јариќ го очекува второто дете. Адриана и Марко веќе се родители на двегодишната Валентина и многу се радувале на проширувањето на семејството. Лима открила дека целото семејство било возбудено, а посебно малата Валентина, која постојано и го бакнувала стомакот велејќи дека го бакнува бебето.
Парот се запознал на забава во Лос Анџелес во 2006 година, а се венчале на денот на вљубените во 2009 година. По медениот месец откриле дека го очекуваат првото дете. Манекенката неколку пати изјавила дека ужива во мајчинството. Таа изјавила дека најдобрата работа на светот е да се биде мајка. Отсекогаш се прашувала дали постои безусловна љубов, а сега тоа го знаела и го чувствувала.