Адриана Лима неодамна потполно гола се фотографирала за календарот на Пирели за 2015 година и со тоа ги воодушевила обожавателите со својата храброст, но и со заносната фигура. Најпознатата бразилска манекенка и поранешна сопруга на Марко Јариќ позирала целосно разголена за оваа кампања.
Во прв план ги истакнала своите бујни гради, за кои голем број од припадниците на посилниот пол коментирале дека се совршени. Иако сме навикнати да ја гледаме во провокативни пози, Адриана овој пат отишла чекор подалеку и покажала речиси се, а нејзините најверни фанови се воситуваат на нејзината храброст со констатација дека манекенката е поубава од било кога претходно.