Бразилската манекенка Адриана Лима настапила на ревијата на Живанши во Париз. Адриана се појавила во издание во какво што досега не сме ја виделе и така ги изненадила многубројните посетители на оваа ревија.
Манекенката носела многу интересна креација, во машки чизми и со шминка толку силна што речиси било тешко да се препознае. Лима покрај работата ја искористила можноста и малку да ужива во Париз, па така со пријателите го посетила познатиот музеј Лувр, а фотографијата ја поделила со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм.