Бразилската убавица Адриана Лима гордо го покажала својот труднички стомак на отворањето на една продавница за часовници во Њујорк.

Сопругата на кошаркарот Марко Јариќ, со кој го очекува второто дете, сеуште не планира да оди на трудничко боледување, бидејќи и понатаму е главна ѕвезда на сите гламурозни настани.

Адриана блескала во кратко црно фустанче, и покрај својот заоблен стомак ги покажала своите совршени нозе.

Минатиот месец објавила дека е бремена, но не открила во кој месец. Ангелот на Викторија Сикрет, за разлика од другите трудници, работи со полна пареа, а судејќи според коментарите на Твитер, во паузите помеѓу снимањата размислува за второто бебе и породувањето.

Иако рекла дека и е сеедно дали ќе биде момче или девојче, веќе размислувала за имињата.

Супермоделот и кошаркарот веќе ја имаат двегодишната ќерка Валентина.