Познатата манекенка Адриана Лима вчера прослави 31 години. На сопругата на кошаркарот Марко Јариќ цел ден и пристигнувале честитки од сите страни на светот. Таа им се заблагодарила на фановите за честитките на друштвената мрежа Твитер и им порачала дека се прекрасни и дека нема да ги изневери.
На својот профил упатила порака кон обожавателите која гласела „Вие ми давате крилја“. Таа е мајка на две девојчиња и понатаму изгледа совршено и има тело на тинејџерка, иако веќе загазила во четвртата деценија од животот.