Светот на најплатените модели е многу суров, а доказ за тоа е и Адриана Лима која се вратила на тренинг во теретана само еден месец по раѓањето на својата втора ќерка Сиена. Лима со фановите на Твитер поделила една од новите фотографии од теретаната на која е видно уморена и испотена.
Преубавата бразилка која на 12 септември на свет го донела девојчето Сиена во бракот со Марко Јариќ, во втората бременост водела повеќе сметка за исхраната, па сигурно ќе и треба помалку време да се врати на модните писти.