Во САД бил обележен „Денот 420“, кој го слават сите оние кои конзумираат марихуана и се залагаат за легализација на оваа супстанција. На една од бројните журки заедно биле Адриана Лима и Ријана.

Ријана имала концерт на Флорида, а во бекстејџот и се придружила Лима. Ријана нивната заедничка фотографија на Твитер ја потпишала со зборовите „Само опасни кучки можат зад сцената на “Diamonds” турнејата“. Инаку, пејачката од фановите добила торта во облик на лист марихуана.