Дека српскиот кошаркар и бразилската убавица се на прагот да се смират, сведочат и новите информации, кои велат дека заедно го прославија Денот на вљубените и имаа двоен повод за славење. Имено, тие се венчаа на 14 февруари 2009 година, па за секој Ден на вљубените имаат двојна причина за славење. Се чини дека така беше и оваа година, бидејќи наводно викендот го минаа заедно на егзотична дестинација, на островите Туркс и Кајкос во близина на Бахамите.
Поранешните сопружници изгледа сакаа да бидат сами, за што сведочи и фотографијата која Адриана ја објави на Инстаграм, а на која се гледа дека денот го минува на пуста плажа, каде нема жива душа. На интернет веднаш се појавија очевидци кои велат дека и Марко моментално се наоѓа таму, па тешко дека се работи за случаност. Да потсетиме, Адриана пред неколку дена објави фотографија со сестрата на Марко, Тамара, со која присуствуваше на премиерата на филмот “Zoolander 2”.