Бразилскиот супермодел и српскиот кошаркар после разделувањето останаа во добри односи, а доколку може да се суди според нивното однесување на социјалните мрежи, на својата љубов одлучија да и дадат уште една шанса. Имено, тие почнаа повторно да се следат на социјалните мрежи, а славната убавица од своите налози ги избриша фотографиите со боксерот Џо, со кој имаше кратка романска откако беше објавено дека таа и Марко повеќе не се заедно.
Адриана неодамна на Инстаграм објави и фотографија од спалната соба покрај која напипа дека некој и недостига во креветот, додека Марко на Твитер подели фотограгија од новиот број на спианието Вог, за кој неговата поранешна се фотографира со нивната ќерка Валентина. Да потсетиме, Адриана и Марко во 2014 објавија дека се разделуваат после пет години брак, но сеуште официјално не се разведени.