Поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ објави на Инстаграм фотографија на која позира пред познатиот мост во Сан Франциско, а краткиот коментар на неговата поранешна сопруга, бразилската манекенка Адриана Лима, предизвика лавина реакции. Имено, бразилската убавица покрај сликата на кошаркарот напиша „згоден“, а коментарот наведе многумина да помислат дека познатиот пар се смири.
Сепак, дали Марко и манекенката ја обновија својата љубов, ќе покаже времето. Марко и Адриана од својот брак ги имаат ќерките Валентина и Сиена. Се венчаа во 2009 година, на Денот на вљубените, а пред две години објавија дека дојде крај на нивната љубов и дека се разведуваат.