Бразилскиот супермодел Адриана Лима и поранешниот кошаркар Марко Јариќ во понеделникот официјално ставија точка на својот брак. Иако се шпекулираше дека се смирија, парот се разведе на 14 март во Њујорк, а медиумите пренесуват дека манекенката, чие богатство се проценува на 65 милиони долари, доби старателство над ќерките Валентина и Сиена. Адриана и Марко се разделија во мај 2014 година, после пет години брак, а барање за развод поднесоа во јануари 2015 година.
Гласините за помирувањето неодамна ги подгреа зеленооката манекенка кога на Инстаграм објави фотографија со сестрата на Марко, Тамара, на њујоршката премиера на филмот „Зулендер“. Лавина реакции предизвика и коментарот „згоден“ под една фотографија на поранешниот сопруг. Многумина тогаш помислија дека одлучија да си дадат уште една шанса, но сега е дефинитивно крај.