Двете преубави манекенки, бразилките Адриана Лима и Алесандра Амброзио на претстојната ревија на Викторија Сикрет во Лондон ќе прошетаат по пистата во скапоцени градници, а секој од нив вреди два милиони долари. Организаторите на настанот не сакале да откријат многу детали, единствено се знае дека градниците ги дизајнирала златарата „Мовадо“.

Сепак, нема сомнение дека сексипилните манекенки ќе блексаат на модната ревија. Многу дами ќе посакаат да си дозволат ваков градник, додека припадниците на посилниот пол сигурно ќе сонуваат покрај себе да имаат дијаманти како Адриана и Алесандра.