Оваа година би можела да биде последна за Алесандра Амбросио и Адриана Лима во тимот на „Викторија Сикрет“, јавуваат светските медиуми. Доказ дека оваа година би можела да биде последна за Лима и Амбросио е фактот што на претстојната ревија, од Викторија Сикрет ќе направат специјални парчиња за овие две манекенки.

Лима и Алесандра ќе носат “Fantasy Bras” и така ќе се простат од успешната соработка со овој најпознат бренд за долна облека. Оваа година двете полнат по 33 години. Адриана е во „Ангелите“ од 2000 година, додека Алесандра нешто пократко, односно од 2004.