Топ моделот Адриана Лима моментално престојува во родниот Бразил поради работен ангажман. По се изгледа зеленооката убавица не се грижи премногу за развдот од кошаркарот Марко Јариќ, бидејќи преку Инстаграм порачала дека ужива дома. Таа напишала дека е среќна што престојува во родната земја Бразил.
Иако се разделиле минатата година, славаната манекенка и српскиот кошаркар дури во јануари покренале бракоразводна парница која ќе биде завршена во јули. Поранешниот пар одлучил поради своите ќерки договорно да стави крај на бракот и да го подели имотот на половина. Медиумите веќе шпекулираат колку изнесува нивното богатство, а според некои проценки Марко и Адриана ќе поделат 240 милиони долари.