Познатата бразилска манекенка Адриана Лима ужива со ќерките на плажите во Мајами, а додека се капела во водата го покажа заобленото стомаче. Дали ангелот на Викторија Сикрет чека трето дете, или само се опуштила, сега кога нема секојдневни обврски околу новиот бренд костуми за капење и долна облека, па претерала со храната, засега останува непознато.
Судејќи според фотографиите кои ги објавија медиумите и го обиколија светот, на кои ужива во океанот со ќерките Валентина и Сиена, се поставува истото прашање, дали поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ повторно е бремена?