Една од најубавите и најуспешни манекенки на планетата, 34-годишната Адриана Лима ќе добие своја восочна фигура во познатиот музеј „Мадам Тисо“. Убавата бразилка воодушевено ја соопшти веста дека нејзината восочна фигура ќе го краси најпознатиот музеј на светот од овој тип.
Поради тоа на манекенката од музејот и зедоа мерки, а планирано е нејзината фигура да го разубави музејот оваа есен. Манекенката била многу возбудена, па радоста ја подели со своите следбеници на социјалните мрежи. Да потсетиме, сексипилната манекенка беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ со кој има две ќерки, Сиена и Валентина.