Таа е Ангел со најдолг стаж во историјата на брендот „Викторија Сикрет“, а сега стана и единствен Ангел кој доби своја восочна фигура. Музејот Мадам Тисо во Њујорк од вчера е побогат и за статуата а бразилската убавица во природна големина. Адриана присуствуваше на преставувањето на својата восочна верзија, а била воодушевена како изгледа.
Повеќе пати со неверување ја допираше својата восочна фигура, не тргајќи ја насмевката од лицето. Восочната Адриана е многу “скромно“ облечена, во црвена чипкана долна облека и со големи крилја, а овој аутфит манеленката го носеше на ревијата на брендот Викторија Сикрет во 2013 година, додека вистинската Адриана овој пат избра нешто поинаква комбинација.