Крајот на годината обично е време кога се израмнуваат сметките, се прогласуваат најдобрите, се прават планови за следната година, но и време кога се ужива во новата колекција на познатиот бренд „Викторија Сикрет“. Жените ги меркаат новите свилени и чипкасти парчиња долна облека, а мажите заносните тела кои ги носат.
Ѕвезда на вечерта на големата годишна ревија на Викторија Сикрет, која во средата беше одржана во Њујорк, била манекенката Адриана Лима. Опточена со бисери и со интересно наместен качкет, сопругата на Марко Јариќ изгледала позаводливо од било кога во црн костум, иако одлично и прилегале и црвените крила. Нема сомнение дека после раѓањето на двете ќерки и се исплатиле напорните тренинзи со кои ја постигнала заносната фигура.