Работата како ангел на Викторија Сикрет е сон на секоја девојка. За тоа е свесна и бразилската манекенка Адриана Лима која напорно вежба како би ја одржала својата фигура. По една посета на теретаната Лима на својот Твитер профил објавила фотографија на која можеме да ја видиме без шминка.

Манекенката често тренирала, а во тоа ја поддржувал и нејзиниот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ. Неодамна открила дека тајната на нејзината линија лежи во тоа што не јаде слатки и тестенини.