Македонија не се квалификува за Европското првенство во фудбал во Австрија и Швајцарија. Холандија учестува. Интересно е да се гледа како на различен начи влијае фудбалското лудило  во Македонија и Холандија. Во Холандија има портокалов претеризам. Од портокалови бебешки цуцли до портокалово украсени кучиња. А во охридските обложувалници ќе слушнеш: “леле ја футнав!”

Европското во Холандија

Портокалови коли, супермаркети, кафани, улици, згради, ресторани и куќи. Во овој период тоа не е веќе интересено, тоа е веќе исто како мебел, нормално, ништо посебно. Во овој период голем дел од државава е портокалова. Холандскиот идентитет се показува со портокаловата боја. Се и секој еден (60 % од народов од мало, средно до старо) е портокалово. И да не си љубител на фудбал пак ќе те зарази или ке ти смета некој со фудбалското беснило. Тешко тие што мразат топки и преплатени футбалери.


Амстердам денес

Вечерва масовно ке се прати фудбал. Холандија против светскиот првак Италија. Доста холандски фирми утре ќе работат бавно или весело. Се зависви од резултатот. Некои агенци имаат испитано дека после натпревариве од холандскава репрезентација многу работници се пријавуваат болни. Демек болни. Од фудбал гледање, од многу пиво, скара или измешано мезе. А некоја осигурителна компанија има веќе (само специално за европски и светски првенства) измислено финта. Фирмите можат против ваква штета (не мотивирани, болни работници) да се осигураат. Фудалот е голем бизнис. Резултатите од репрезентацијава ако се успешни тогаш во јуни месец се очекува во цела Холандија за разлицни потреби промет од 1 милјарда евра. Се’ се купува. Само да е портокалово или да има врска со европсково.

Обложувалници

Во Охрид европското се врти голем дел во домашна атмосфера и во обложувалниците. Сите обложувалници се полни, турбо работат. Порачуваш пијалок за 30 денари и гледаш фудбал. Во овие моменти само ливчето е важно. Кој колку вложил и кој за кого е. Друго ништо. Тема на разговор е исто: 30, 50, 100, 300, 1000, 3000, 50.000, или 100.000 денари. Има секакви коефиценти. Од 1,75 до 2,20. После се чека кој ќе има среќа со кец, двојка или икс. На крај имат радост од тешки добивки или чаши ќе се скршат од ситна (ко стално) несреќа. “Леле ја футнав,” често ке слуснеш во и пред обложувалниците, по улиците, по гости, по смс-пораки, по мобилни разговори низ чаршија, по кафиќи. И Охрид е заразен со Европското. Исто како Холандија. Секој на свој начин. Во обложувалничката индустрија има светла и црна/скриена страна. Ретко се спомнува лошата страна. Кога ќе чуеш дека некој има големи проблеми за да врати кредитит или аванс. Фудбал и обложувалници е  коцка. Со голем ризик. Успешно и страсно.
Секој си е одговорен за својте чекори.

Висока категорија

Од 1988 година – кога беше Холандија европски првак – од тогаш има некоја 100% доверба во ова држава дека Холандија на секое првенство ке бидe повторно една од најдобрите. Ама реалноста е: портокаловите се на европскиве и светски турнири често елиминирани во ;етврт или во полу-финале. Во холандскава репрезентација има многу играчи од највисоката категорија. Фудбалери кои играат во нај добрите европски клубови. Селектор е легендата Марко ван Бастен. Холандија имала, има и во иднина ќе има стално добра и јака репрезентација. Ама неможат да се сложат на теренот. На играчиве им фали мотивација и инспирација. Да играат од срце со цела сила за Холандија. Во Холандија фали и онака ваков темпрамент, она што е исто потребно за победа. Може да се спореди со фудбалските ѕвезди од поранешната Југославија. И на времето во Југославија имаше само генерали на теренот а недостасуваа војници за борба. Борба за победа или не-популарни акци.


Холандија живее за фудбалот

Sexy девојки

Вечерва сигурно 10 милиони холандски тв-гледачи ќе се сведоци на надпреварот Холандија – Италија, преку холандската национална телевизија. Рекламите пред, помеѓу и после натпреваров се веќе продаени пред пола година. Цените се движат околу 50.000 евра за 30 секунди. Усте еден интересен портокалов податок. Нешто смешно, специфично, нешто посебно. За да не се досадуваат гледачите на полувреме комерцијалната телевизија „Вероника“ има измислено нешто трето. На полувреме кога ќе се вртат рекламите на Холандската телевизија и коментираат експертите (требало вака или онака да се шутне топката), и кога народот оди масовно во   WC,  во овие 15 минути „Вероника“ има измислено нешто специјално за мажите. Шутирање пенали. Пенали? Да sexy девојки  – со спортско тело, само накитени со тесни прслуци
и атрактивни танги, со копачки и високи чорапи до колено – шутираат пенали.Манекенки од сите држави што учестуваат на европсково секој ден на полувреме си играат свој  европски турнир. Со 5 камери се е до детали регистрирано. Исто има и репризи од сите страни од шутирањето!

Јас вечер пак треба да бирам: дали ќе го слушам холандскиот фудбалски професор Јохан Кројф на полувреме или ќе стегнам 14-ка на далјинсково. Ќе видам……… Не сум уште сигурен. Моја прогноза: јас мислам дека Германија ке бидит европски првак. Холандија ке стигне до полу-финале.

Влатко де Вриеж, Амстердам-Холандија