Владата на Р. Македонија донесе одлука за враќање на сила на старото работно време на администрацијата.
Вработените во администрацијата поради високите температури деновиве работеа со скратено работно време од 7-13 часот, а од денеска ќе работат како што работеле пред прогласувањето на кризната состојба.
Одлуката за враќање на старото работно време на администрацијата била донесена по информациите од УХМР дека од денес дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
ohridnews