Ракометниот клуб Куманово следната сезона нема да се натпреварува во Супер лигата иако на теренот обезбедија опстанок во елитата.

Причина за испаѓањето од Супер лигата кое во писмен извештај им пристигна од Ракометна федерација на Македонија е ненавременото трансформирање на клубот во Акционерско друштво.

Сите во клубот кој заедно со Охрид се бореше за опстанок се изнанедени од управата која им ветувале дека сите административни работи околу трансформирањето се завршени.

За иста ваква работа со исклучување од лигата и елиминација се соочи и тимот на Овче Поле.

Управата на охридскиот клуб навреме ги заврши административните работи, на теренот чесно поштено се бореа за бодовите и следната сезона Охрид ќе биде дел од суперлигашката елита.

Мх.П.