Компанијата „Адидас“ ги претстави новите блутут-слушалки „РПТ-02 СОЛ“, коишто користат сончева енергија за полнење на батеријата.
Сончевите уреди не се новост. Многу компании имаат такви производи, но сончевите слушалки сѐ уште се реткост. Блутут-слушалките на „Адидас“ се поврзуваат со други уреди преку блутут и имаат вградени „Пауерфојл“ ќелии за сончева енеригија. Уредот е водоотпорен, има микрофон, како и „УСБ-Ц“ приклучок за дополнително полнење.
Самите слушалки се направени од рециклирана пластика. А, нудат и 80 часа „резервна“ енерегија во батеријата дури и во темна просторија каде што воопшто не би биле изложени на сончева светлина.
Цената на слушалките е 230 долари.
На пазарот има и други слични производи коишто користат иста технологија. Меѓу нив се „Урбаниста Лос Анџелес“, како и слушалките „Блу тајгер“ чија цена е 220 долари.
OhridNews