Првата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо е најзаслужниот за победата на неговиот тим извојувана ноќеска на домашен терен против Феникс санс со 120:100.
Гркот натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект (41 поен и 13 скока).
Знаевме дека мора да излеземе, да покажеме добра кошарка и да се бориме со сите сили. Се подобривме откако го загубивме првиот натпревар. Сега се подобривме во споредба со вториот натпревар, изјави Адетокунбо.
Во серијата прв до четири победи Феникс води со 2:1.
Големото финале од НБА-лигата продолжува на 15 јули со четвртиот меч кој ќе се игра на теренот на Милвоки.
OhridNews