Капитенот на хрватскиот првак Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми е внимателен пред утрешното гостување на Шкупи на стадионот „Максимир“ во рамки на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони.
Македонскиот првак обезбеди дуел со загрепски Динамо со елиминацијата на Линколн од Гибралтар со вкупен резултат од 3-2.
Тие се добра екипа, динамична и брза. Не ги познавам сите бидејќи многу играчи се променија, но голманот е мој колега во македонската репрезентација, изјави Адеми за хрватските медиуми.
Реваншот е на програмата идниот вторник во Скопје, а поуспешниот од пресметката меѓу Шкупи и Динамо попладнево ќе го дознае противникот во 3. квалификациско коло во ЛШ.
Поразениот настапите на европска сцена ќе ги продолжи во 3. квалификациско коло во Лига Европа.
OhridNews