Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој ја издржува четири годишната забрана од УЕФА почна да тренира со новиот клуб Кустошија од четвртата лига.


Адеми два пати беше позитивен на допинг тестот по мечот со Арсенал од Лигата на Шампиони и УЕФА му изрече драстична суспензија од четири години.

Новиот клуб на 24-годишниот фудбалер се натпреварува во четврта (аматерска) лига каде што неважат правилата од УЕФА.

– За новиот клуб ќе давам од себе исто кога го носев дресот и на Динамо Загреб. Фудбалот е мојот живот, а четвртата лига е моја реалност. Не би се нафатил да играм ако не давам 100% на теренот. – рече македонскиот репрезентативец.

Адеми беше еден од најдобро рангираните фудбалери на Динамо во триумфот над Арсенал во ЛШ кој нажолст нема по добро да го памети македонскиот интернационaлeц во Хрватска.

OhridNews