Плажите на Охридското Езеро чии договори за концесија се изминати мора да се вратат во првобитн состојба, изјави министерот без ресор задолжен за комуникација во УНЕСКО во емисијатма „Win Win“ емитувана синоќа.

Мораме три работи да направиме, да воспоставиме ред прво, да воспоставиме заштита и на крај може да дојде бенефитот од тоа што ќе го работат плажите. Меѓутоа ако сите сакаме туризам и развој, а никој не е против тоа, треба да сфатиме дека тој развој треба да биде хуман и балансиран помеѓу заштитата на културното и природното наследство и економските интереси. Јас знам многу градоначалници, на Дубровник, на Мостар кои се исто така под заштита на УНЕСКО и тие се горди со тоа. Сметам дека градоначалниците на Охрид и Струга да бидат исто така горди и да работат во спроведување на своите ингеренциите. Лесно е да барате ингеренции и кога треба да се спроведат да ги вратите наа државата. – рече Адеми.

Адеми појасни дека одлуката за враќање во првобитна состојба на плажите на Охридското Езеро, е директно врзана со препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со Охридскиот регион.

OhridNews