Му верувам целосно на градоначалникот на Охрид дека на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Според него, најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во врска со забелешките на невладините организации дека Охрид испуштил шанса во Баку да добие соодветна меѓународна помош која следи за продрачја кои се ставени на листа на светско наследство во опасност, Адеми вели дека таквите тези не држат.

Прво, хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО не ја направи владата. Второ, владата и сега во оваа ситуација на тие разговори во Баку што јас ги имав, не само со земјите членки на комитетот, туку и со двете експертски организации во рамките на УНЕСКО, ИКОМОС и УСЦН, договорена е експертска поддршка. Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем. Така што, целата експертска помош од УНЕСКО воопшто не е спорна, и сега ќе ја добиеме и јас ја побарав таму на средбите и ќе ја добиеме за секоја работа и потреба што ќе имаме во текот на реализација на препораките и тоа воопшто не е спорно. Напротив е добредојдено. – вели во интервјуто за Радио Слободна Европа министерот без ресор Адеми.

OhridNews

Силни пораки на политичарите и уметниците на отворањето на „Охридско лето“ за зачувување УНЕСКО статусот на Охрид