Министерството за образование и наука очекува до септември да се дефинира конечниот концепт за државната матура и за екстерното оценување. Како што изјави министерот за образование, Абдилаким Адеми, ќе се изврши детална анализа на двата проекта вклучувајќи ги сите засегнати страни се со цел да се дојде до најдоброто решение.

– За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, но сепак ќе се консултираме со сите засегнати страни околу натамошните чекори“, изјаави Адеми.

Додаде дека сите засегнати страни можат да бидат свикани во текот на месец август, бидејќи целта е до септември да се има нов концепт.

OhridNews