Британската пејачка Адел наводно барала 100 илјади фунти за една минута пеење на свадбата на ќерка на јужноафрикански бизнисмен. Како што пренеле британските медиуми, пејачката на јужноафриканскиот тајкун Вивиан Имерман, за 25 минути настап на свадбата на ќерката Меган, му побарала 2,5 милиони фунти.
Извор за Дејли Стар изјавил дека Вивиан планирал раскошна свадба. Пред три години на свадбата на неговата постара ќерка пеела Ејми Вајнахаус, а мислел дека исто ќе биде и со Адел. Меѓутоа, многу се изненадил кога слушнал дека пејачката бара 2,5 милиони фунти за само 25 минути настап. Популарната пејачка се породи во октомври минатата година и оттогаш ретко се појавува во јавност.